Какви соништа им се вртат во тркалата на суриите велосипедисти, ролери и други далдисани во здрав живот?
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Ако веќе се знае дека животот е сон, времето може ли сонувач да биде?
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Ја знаеш песната. Тркало во тркалото. Право во воздухот. Се засмеав повторно.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Пет минути, помисли тој. Времето истечува...неговиот рачен часовник... тркало во тркало... малото тркало завртено од... големото тркало придвижено од...пат сред...четири минути!... луѓето се сместуваат во ракетата од овој миг, капсулата, контролната табла засвети како Божиќна ноќ...
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Косачката. Тркало во тркало. Проста машина што ја држите во рацете, што ја туркате напред итајќи шумно, додека чекорите напред со вашата тивка филозофија.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
За разлика од воденицата за мелење жито, чиј камен се вртеше со необична брзина, а не мелеше брашно, по мостот можеше да се оди, иако по него можеа да одат само птици, обични и пругави верверички, кои претпазливо гледаа во тркалото со црпки и во тропањето на воденичниот камен.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)