Една средовечна жена можеби Еврејка седеше во чамецот со мало дете од околу три години во рацете.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Онаа, жената бегалка во чамецот исто така го покри малото момченце со своите раце, иако со нив не можеше да го заштити повеќе отколку со лист хартија.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Човекот во чамецот споро се исправи, ги оддели рацете од болните колена, стана и со дива клетва скокна во ладната вода.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
На реката, истрелот надалеку се слуша.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Па го чекаш својот капетан во чамец, или подобро во јахта, кој доаѓа да те спаси.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Само крвта како уште да не се беше смирила - како во чамец се прелеваше де на едната де на другата страна, онака како што раката го движеше ладнокрвното тело, за да го испита и да го дораспори.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
На крај, ми падна на памет одлична идеја.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Седеше во чамецот пред него и зборуваше: „Ти, проклет нацисту...“ Сирото момче, тој навистина не беше нацист.“
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
На онаа станица одново се слуша, „О, каков прекрасен свет“, а на друга, преку две вртења на стрелката: „И јас ќе останам со вас во чамецот...
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
И кога акцијата била готова, и патниците претоварени во чамците за спасување, тој со задовослтво констатирал: “Јас во душата си се радував што целиот пароброд ќе изгори и што нема да има ниту една човечка жртва, зашто со својата акција ние никогаш не сме се стремеле да даваме човечки жртви, уште повеќе кога се знае дека патниците во паробродот се невини по однос на нашата - македонската кауза“123.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Сите патници и морнарите биле префрлени во чамците.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Пламенот сè повеќе го опфаќал бродот, а патниците во чамците, до пред малу обземени од ужасен страв, сега со љубопитност гледале и коментирале.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Влегоа во чамецот, зедоа јадици и канџи и се оддалечија од брегот.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Сонцето како течно злато се разлеваше по водата, блескаше, ги опсенуваше очите; Висар тешко се приспособуваше кон таа силна светлина; од шумот на веслата дивите патки пркнуваа пред нив и се преселуваа понастрана барајќи мир и спокојство; Висар му го вртеше грбот на сонцето и ѕиркаше во водата која ги менуваше боите спрема длабочината на езерото и гледаше во јадиците и канџите што ги спушташе Трајан; кога ќе се занишаше конецот, Трајан го креваше нагоре, го собираше и му даваше знак на Висар дека е фатена риба; Висар трепереше од радост и ѕиркаше во водата да ја види рибата; кога рибата, влечена нагоре, ќе дојдеше во погорните води, ќе почнеше да разлетува и да шета дè ваму дè таму, правејќи секавични движења и обидувајќи се да го скине конецот; но колку што конецот се собираше и ја доближуваше до чунот, таа сè понемоќна стануваше, ги скротуваше своите напнувања, чувствувајќи болка од јадиците и канџите во устата; тогаш Трајан отсечно ја тргнуваше нагоре, а Висар го потклаваше оршето под неа и ја внесуваа во чамецот; потоа го проверуваа другиот конец и почнуваа да го тргаат и собираат; рибите скокаа во чамецот, пласкаа со опашките, подзинуваа по воздух, а потоа се отпуштаа и се смируваа.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Огнена почна да се тетерави. Како да стои во чамец што бранот го подзел в рака.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Иване! Иване! Не гледаш? Се случува нешто!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Како да се двоумеше еден момент, а потоа сепак ја пружи раката и го зеде кибритот од зад порцеланската ваза на која стоеше Кинез во чамец што плови кон поле од трски.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)