Беше работлив и ѕвездаллија и за него, меѓу осумте метлари во чаршијата, имаше најмногу работа.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
„Еј, Корилче, ајде да одиме в чаршија” - го вика некој, но тој и не се обѕрнува.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Така и се случи што Соколе со него досега воопшто да нема зборнато, иако се поздравуваа в чаршија.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Оттаде ме зедоа, ме кладоа во една бакалница, во чаршијава.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Кажи ми што ти пречи во чаршијата, сепак да не ја идеализираме премногу таа каллива неосветленост по која шпартаат полициски комбиња.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
За трговецот К.Т. ѝ рекоа дека бил најголемиот намќор во чаршијата кого никогаш не го виделе да се насмее, да седне да се повесели.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Не ѝ се караше што сама оди на фурна, в чаршија.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Во гратчето го нарекоа Луда Мара, зашто знаеше и да им ги поплави дуќаните на занаетчиите и магазините на трговците, во чаршијата на двата брега од реката.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
А кога дојдоа нашите, се примири некаде, како под женски скут, и додека сиот град излезе на улици тој не се појави во чаршијата барем да си ја обие својата бутка, сѐ додека не го дочека синот во партизанска униформа.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Се случи токму во времето кога неговата сопруга почна со својата постојана пријателка попладне да излегува в чаршија сè поредовно и поредовно, тој да се праша: која ќе биде следната појава?
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Прашувајќи се така, тој не увиде дека, како дружењето на жена му со онаа пријателка, така и нејзиното сè поредовно одење в чаршија веќе е следната појава од истиот синџир појави.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Потем, тој пак стана, набрзина открши уште еден залак леб и на минување низ претсобјето виде дека сега торбата за в чаршија беше пуштена на теписонот пред закачалката.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Притоа којзнае зошто ја забележа оставена на масата торбата со која сопругата одеше в чаршија.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Ги слушав нивните воздишки и тивко кашлање и бев уверен дека и двајцата се добри луѓе, поинакви од оние во чаршијата.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Секогаш кога дедо му одеше да се потстриже и да се избричи во чаршијата, одеше во пазарен ден, и секогаш одеше кај Ружди берберот.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Кај кино Македонија свртивме десно и откако го преминавме Драгор кај Ленски Мост се најдовме во чаршијата.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
- Слушај вамо ти, метло сестро - је рекол - сега откога ќе си одам в чаршија јас, ќе станиш ти и ќе ја сметиш куќата, дворот и ќе суредиш с¯ што паднало наземи; ќе месиш леб; ќе зготвиш вечера и коа ќе си дојдам да биди готоо; слушај вамо, метло моја, мила сестро, тако ми таткоа душа, ти се колнам, ако готоо не го сториш ова што ти го велам, да знаиш оти страшен ќотек ќе ти удрам; ем знаиш како ќе те тепам?
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Си го закопале и му остајле една дуока, за да дишит, дури да доела умирачката и да му ја земит душата, као што си мислел тој.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
По патот и стретил еден богат чоек и 'и прашал шчо носат жив чоек на носило?
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
А на брзо збогатените далаверџии во подземјето на градот како да им недостигаше уште играта со старите и достоинствени балкански џентлмени, па да бидат со сите токму, признати во чаршијата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Чаршијата, стара над пет века, остана микроуниверзум на едно исчезнато време, околу кој гравитираа некогашните еснафи, кои ги штителе еснафските интереси на сродните занаети, занаетчиите, но и муштериите купувачи.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ќе замрат други стари занаети рече Камилски, додека со Татко ја напуштаа чајџилницата по испиените два чаја и се упатија кон Златарскиот сокак врз нечија основа ќе се создатат нови, но никогаш нема да изумре духот на чаршијата! Така е, потврди Татко.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Овде се служел само чај, еден од најдобро подготвените во чаршијата, со посебен ритуал и уметност на служење, во табли, тепсии или посебни послужавници подавалници...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Изумреле повеќе занаети во чаршијата, како абаџискиот, наланџискиот, терзискиот, срмаџискиот и други, но опстанале шапкарскиот, пегларскиот, кројачкиот, кујунџискиот, златарскиот, јорганџискиот, часовничарскиот и други...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Денес во чаршијата, си рече.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
По кожарот во авлијата влезе Керим Есад, аџија и ајан од Љуботен на Карадаг, кој се беше нашол во чаршијата, та ја чул веста за турчењето на ибн Пајко.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Кога ќе излезеше во чаршијата, ако ќајата на занаетчиите не го отпоздравеше, тој помислуваше на пизмата од Тодора, која ете, го следи и надвор од дома и му го поросува патот со остри срчи.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
А тој сон излезе ваков:
Бајко дојде во чаршијата, и куц-куц, ајак-ајак, влезе во дуќанот на папуџијата Јосиф во безистенот.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Првин појде да ги види тие петличари и копчари што се изотвориле во чаршијата.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Си ја подигна прочуената Исхак-бегова шарена џамија, ама и покрај неа една од најпознатите медреси во Румелија, во која науки предаваа голем број познати мудериси на исламскиот свет; разни конаци; туљбе; и други згради; а во чаршијата - безистенот, Сули-ан, Чифте-амам.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ако ибн Тајко чувствуваваше еден вид сожалување за неговите двајца браќа во Блатието, Илми чувствуваше сожалување спрема него, зашто кога ќе му понудеше да му отфикари барем еден преден черек од овенот што му беше најблизу, а овој ќе го одбиеше, иако тој ден баш се погодило, ќе го пофалеше, да има најубаво месо во чаршијата, тој само ќе заклатеше глава:
„Тешекур едерам, ибн Тајко, ама зошто сепак не правиме пазар?“
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Телалот уште рано изутрината ги изреди сите сокаци по маалата, па дојде и во чаршијата која штотуку се отвораше.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
И кога, во чаршијата, од доверливи пријатели, дозна дека на реката што истекуваше од Езерото ќе се градат хидроцентрали, предвидувањата за крајот на патот на јагулите стануваше реалност, во него повторно се разбуди преселничкиот ген.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Така се шушкаше во чаршијата.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
После работата, која ја завршив во дванаесет на полноќ, јас како своевидна Пепелашка отидов во познатиот Охридски клуб на најпознатиот сокак во чаршијата.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Секако, после тоа јас и Лима се најдовме во чаршијата и долго се смеевме за сè што се случи, додека слатко го пиевме макијатото во едно кафуле покрај езерото.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
И покрај фактот што во Битола сите знаеле148 дека Организацијата не испукала ниту еден куршум, не нападнала ниту еден Турчин, значи не дала ниту еден посериозен повод за битолските колежи (по примерот на Солун), генералниот инспектор на трите вилаети (Солунски, Битолски и Скопски) Хилми-паша, чие седиште тогаш било во Скопје, пред рускиот конзул во Скопје и пред дописниците на „Будимпештански Хирлап“ и „Манчестер Гардијан“ ја дал следнава неточна и тенденциозна изјава: „Околу пладне (на 6 мај) во Битола на повеќе места во чаршијата се пукаше против Турците.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Слични вести донела и Јосифова. По сите улици во чаршијата - раскажала таа - хајка од Турци, Грци и Евреи да ловат и убиваат егзархисти.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
По улиците, во чаршијата - локви крв насекаде.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)