Нашиов кутар народ мисли ако јас се заземам во уќуматот или во шеријатот, сѐ добро ќе се реши. Сон немам.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ибн Пајко беше од побогатите првенци рисјани, стана и аза во шеријатот, канонот го знаеше, еснафот го сакаше, рајата и чаршијата го почитуваа, ама Мехмед паша, кој веќе имаше седумнаесет деца, ако се земе и последното кое од најмладата анамка за ден-два ќе видеше свет, го насетуваше кај ибн Пајко само копнежот по свој пород, а сето друго никако не можеше докрај да го разбере.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)