Но, со оваа апликација никако не смееме да си правиме привиди за природата на допирот, што е инвестиран од страна на таа софистицирана технологија, како тоа да бил добриот стар, значи лош, вулгарен, непосреден допир што граба во „исполнетото” и е наменет за допирање на „материјално згуснатото”.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Кај уметничките дела за иницирање на виртуелни, естетски кодирани светови, се работи, напротив, за допир, кој во смисла на простор, дефиниран со односите на реалните предмети, навлегува во празно, но интензивноста на различните тактилни функции, посредувани преку податочната ракавица, предизвикува промени на полето на сликовното и звучното во компјутерски симулираната околина.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Треба да се нагласи дека книжевните остварувања во хипертекстот настануваат во специфична средина, значи на компјутер, а се продаваат во форма на дискети, со тоа што и класичните печатени документи можат да бидат читани во компјутерскиот хиперпростор, но затоа пак делата на хиперлитературата не можат да се пренесат во печатен исказ.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Повисоките нивоа во компјутерскиот систем се нераздвојни од нивните „симулации”.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Со ширењето на информациите - било да се работи за корпорациски планови или строго доверливи владини операции - тие веруваат дека можат да го спроведат овој нов техноестаблишмент почнувајќи со бенигни социо-политички чувари способни за запирање на глобални операции, до анархисти кои се одмаздуваат поради масовната алчност со пустошење во компјутерските системи - или електронски терористи, подготвени, желни и способни да се осигураат од непријателите со едноставно блокирање на системот.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Главно во таа теза е идентификацијата на посредувањето во компјутерскиот модел помеѓу хардверот на машината и програмот што се извршува. Searle бара од нас да земеме програм за кој претпоставуваме дека разбира кинески - тоа може да биде било кој AI програм за кој се тврди дека на некој начин покажува когнитивни способности - и да се стави листинг од тој програм во соба со некој кој ќе може да го следи текстот на програмот, но кој не разбира кинески (или му недостига когнитивна вештина да утврди за што е наменет програмот).
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
На ниту едно од нештата кои ги набројуваш. 70 Margina #17-18 [1995] | okno.mk Илустрација: VÉRONIQUE JOFFRE okno.mk | Margina #17-18 [1995] 71 72 Margina #17-18 [1995] | okno.mkТИМОТИ ЛИРИ Се чини неверојатно некогашниот харвардски психолог и LSD гуру сега да се меша и во компјутерскиот свет.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Лири не би очекувале да биде вклучен во компјутерскиот свет, па сепак се наоѓа во центарот на една од авангардните групи на утрешната технологија.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Потем сал туку се излежуваше по дома, си остана младоженец без невеста, едно време се пушти глас дека станал акробат и ноќум одел по жица како месечар, филистејците се такви, на спасителите им подаруваат осаменост, им го нудат и кошмарот на заминувањето од родната грутка – барем сега не се талка со месеци по морињата до Австралија и Нов Зеланд, а ако е до пустини и таму има пустини, но децата таму не чуле за прачки, не виделе дренки и шумски малини, децата таму се далдисани во компјутерски игри.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Ја остави прачката во долапот, како да потпевна прачка имам камен немам, па ја бакна мајка си в чело и цел ден и цела ноќ попусто чекаше да му подари солза радосница.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
А Американците се сторија три да му судат на хакерот од Лондон Кој еднаш им беше напишал во компјутерскиот систем Дека американската надворешна политика Е слична на државно спонзорираниот тероризам Многу му беа бесни Американците на хакерот од Лондон Оти знаеја дека тој повеќе ги изрезили Од пијаните офицери кои некогаш ќе задоцнеа со симнувањето на гаќите При празнењето на бешиката и на дебелото црево Ние коалите слатко си се потсмевнувавме Оти на дело се покажа пред очите на цел свет Дека ако сме дембели не сме барем мочковци и серковци И дека тие работи си ги вршиме на раат Откако ќе сониме дека сме качени многу високо на дрвото Или ќе се видиме во огледало со венец на глава А што е најважно кога одиме по нужда Со саати читаме стари весници и секси ревии.
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Се стаписуваат од таквите слики на стутулени мочковци и серковци И не можат да се изначудат како тоа може да се случи и во Пентагон Во кој како што е познато има двојно повеќе нужници Бидејќи кога го граделе законот барал одвоени нужници за црнци и за белци Ама не била работата во нужниците туку во бешиките и дебелите црева При што не се исклучува однапред и можноста од некаква субверзија Оти баш кога пентагонци користеле по еден од двата нужника Еден хакер од Лондон им беше влегол во компјутерскиот систем Сакал човекот да си ја провери опседнатоста со вонземјаните
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Алгоритамската сложеност на податоците е поврзана со бројот на инструкциите во компјутерскиот програм.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)