Далеку се распростира како копнежна сладост во мрачниот предел. „Свири, Петре-е-ј“, му се одѕива некој.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Брате Ѓорче! - Брате Даме! - викнаа двајцата посетители.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Гоце и Ѓорче влегоа внатре во мрачната и тесна затворска ќелија.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Панди во сите големини, со лица на добронамерна црно-бела смрт, испофрлани на куп како лешеви, тој кадифен кич кој во мрачниот подвозник го искези своето гротескно наличје - ни се причини како некој вид резиме, холограмски блескот на нашата глобална иднина. \убрето во Америка е највкусно.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Свесно влегуваат во мрачниот ковчег на секојдневието, а не смееме да дозволиме да западнеме во духовна пасивност.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Недостижен ни е достојниот живот на соколот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Сета вечер ја преседов потиснат во мрачниот агол и длабоко фрустриран, додека Апчо, Клапчо и Шљапчо Буковски активно мастурбираа со своите промолкнати гласни жици.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Моментно не можам тоа да го забележам ни на некое ливче зашто се наоѓам во мрачната страна на животот, во визбите на животот за кои луѓето најчесто не се свесни.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
- Те фатија! - како одглас прозвуче гласот на Арсо и усните му се собраа во мрачна иронија.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Се чинеше дека немаат крај, се губеа некаде во мрачната подводна далечина. – Јас вечно ќе ги цицам соковите на земјата и, еве тука ќе ги исфрлам, како в море ...
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
„Навистина требаше ти да го сториш тоа, помалку заради себеси а повеќе заради мене“, реков сосема тихо, и нешто непријатно како крила во мрачна ноќ прелета низ честакот на моите мисли.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Извини, веројатно претерувам, но ти ме учеше да не се затскривам зад насмевки или зад солзи.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ахил се помирува со несомерливиот јаз меѓу чувството и неговиот израз дури при својата последна средба со Пријам, кој му дава пример како да живее со него – како да го пополни истиот тој јаз.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И така, ќе ја загубат целата делотворност и ќе престанат да функционираат: веќе нема да можат да служат за испреплетување на луѓето во мрежа од општествени размени, ниту сега ниту во иднина.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А во тој случај веројатно ќе ги отфрлиме, како што ги отфрла Ахил.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тогаш целото човечко општење и целата човечка општественост ќе се распаднат, а предивото на човечката односност ќе се расука – како што некое време се расукува во мрачниот дел кон крајот од Илијадата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Обајцата веруваа во единствената филозофија оти во мрачни времиња беше најбитно да се зачува главата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Зарем се нема речено во мрачен хумор: Малата земја е како бара со големи крокодили!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Оној, неодгатлив а пресретнат од сите, недопирлив за рацете, за очите невидлив поминува низ нас а не знаеме кога и каде за да го видиме утредента на божја служба во света Софија, во малтерот закопан, со ореол на Светец; Оној, кој некогаш во мрачните ноќи на Венценосецот до него стоел, или чекорел пред него како штотуку изречена реч што не се враќа повеќе туку само се јавува и гасне како светулката, како пламенот, што ја знае ноќната патека па оди пред тебе, ти го осветлува патот, те поткрепува, те насрчува, те води кон маѓосното утро.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Спакуван во мрачни инстинкти, погледни во образот на мојата болна свест...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Можеш ли да му ја поматиш верноста
кон земното, додавајќи знак по знак
откривајќи ги срамните делови
на твојот систем
загадочниот метод
небесниот свод- дом
за да може да оди по истиот пат
и да стига до истата цел
човекот, оној кој над црната точка
стрепи по сличното, од различното стрепи
спојува еден со друг:
еден и еден, два со два, седумдесетидва
името го дели на четири
елементи – I.H.V.H.
тетраграматонот го врти, го враќа
ред по ред реди
вистината на скрбта ја учи
завист и суета, суета и завист
сѐ е бесценет камен, а број
свет и сила
равенката меѓу нив се припикнува
како вода меѓу шуплинките во карпата
како зрак во мрачна капела
бели точки на црна површина
поделена на две:
еднооко човече
дворог Пан
троока нимфа
четириаголен круг
пирамидална петка
црно на црно
расфрлан, разигран
Ум на Светлоста
Умна светлост.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Без здив влегоа во мрачното сопче и чекаа, чекаа да се запали светлото во спротивниот дом.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Нејзините деца... нејзините деца... нејзините деца се таму... ене ги... крај масата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Тие три дена господинот Вилијам Финч секое утро и попладне стоеше молкум во мрачното и ветровито поткровје.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)