А кога ќе видевме живите мајчини прсти како го извиваат тестото во незамисливи облици, ние, заборавајќи на гладот, излегувавме охрабрени во дворот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Тие морале да се преобратат во христијани или да ја напуштат родната земја.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Јаничаризмот требаше да го надомести идеалот кој требаше да ги движи другите војски V Додека неколку години подоцна на Елисејските полиња во Париз секој 14 јули од 1994 до 1999 година, како прв амбасадор на Република Македонија во Франција на Плоштадот на Слогата, на свечената трибина одредена за дипломатскиот кор, ги гледав, славните војски, па легијата на странците, во таа лажна свеченост, наредени од сите земји му аплаудиравме на оружјето, се фаќав во незамислива позиција.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Повторното освојување (reconquista) на Севилја, Кордоба и Гранада во XIII и XV век, по владеењето на берберската цивилизација, на Алморавидите и Алмохадите, кои во Шпанија опстанале речиси половина милениум, ќе ги стави муслиманите, но и Евреите речиси во незамислива положба: ќе следи мачен период на војни, прогонства и масакри.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)