По сите тие причини, како и по полната убеденост во тоа оти не само бесполезно и невозможно е понатамошното успешно спротивставување, јас мислам дека наш долг е да ја замолиме македонската интелигенција што има влијание врз сегашното движење да го обрне својот поглед кон сериозноста на положбата, да го измисли патот и сите средства колку што може поскоро за да искаже полна доверба спрема постапките на заинтересираните големи сили во полза на Македонците и, откако ќе им даде ветување, да ја прекине понатамошната борба, да ги замоли да му се помогне морално и материјално на постраданото население да се поправи; да замоли да се воведат сите предложени реформи и тие што ќе најдат силите за нужно, како проширување на изработениот проект; да се отстранат пропагандите и да се востанови Охридската архиепископија со црковно-училишната автономија; амнестија на емигрантите и на сите четници; признавање на Словените во Македонија за одделна народност: Македонци, и внесување на тоа име во официјалните книги итн.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Арафат ќе го крене високо маслиновото гранче на мирот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Набргу ќе се најде во официјална посета на Франција.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Но, ве уверувам дека се работи за навистина божествен потфат, чест е да се учествува во него.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Еве во рамките на ширењето на невистини како биле објаснети настаните од 6 мај во официјалниот весник “Монастир“ од 30 април (13 мај): „Во минатата среда некои бунтовници, со намера да предизвикаат буна, почнаа во разни делови од градот да пукаат на војската и на турското население.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Реториката на Томасини едноставно ги преотсликува и ги открива сегашните услови под кои геј-луѓето по правило се примаат во јавната сфера – а особено во официјалниот дискурс на вестите: околу нашата различност од нормалниот свет се прави чалам, но од неа и се мијат раце.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
„Во официјалниот проект се предвидува височина од триста метри.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)