Тој некако необично и чудно се беше обогатил во социјалистичкото време и за разлика од многумина кои на ист начин се обогатија и страдаа, нему ништо не му се случуваше, имаше многу пари, а некогаш немал, копук, за разлика од тројцата стари играчи, кои некогаш имале, а сега немаа.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Фактички, штиците ни се потребни и без нив не можеме да направиме ни чекор потаму во социјалистичката изградба.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Продолжив како судија и во царско и во социјалистичко време, на Балканот...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Бил и кадија, бил и судија во царско и во социјалистичко. Вешто се провлекувал.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Повеќе времиња беа собрани во ова пусулче кое, сега, тебаше да му го отвори патот во социјалистичкиот суд.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)