Кога понекогаш ќе останеше Богдан сам во собата, правеше големи напори да стане од креветот и одеше во плевната и лежејќи во неа дишеше лакомо чувствувајќи како да лежи во цветна ливада.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Зависен од Централата – Џ.Џ. всушност не престануваше да дава аргументи за поразот на победниците, за претворањето на земјата во цветна градина со бункери, за преобраќање на народот во новата вера – идеологија.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Навистина, бункерите имаа и друго што да бранат: нашиот прастар и автохтон идентитет, нашиот древен јазик, нашиот фолклор, нашето полифоно пеење, нашата изорана земја во цветни алеи и терасести градини, нашите фабрики во кои се произведува од игла до трактор, нашиот целосно описменет народ, ослободен од верското ропство, нашите задруги...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Ги отвори своите пупки и се облече во цветна сина облека.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Девојчињата беа многу смешни. Облечени како кукли - се бакнуваа, прегрнуваа, се смееја, пискаа и којзнае што шушкаа.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Тогаш дојде Соња. Не ја видовме цело лето, зашто беше заминала кај тетка ѝ во Битола. Неверојатно: само за едно лето се извишила.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Одеше со рамномерни чекори - ниту полека, ниту брзо - небаре чекори низ ливада, а не низ училишниот двор - во цветно широко здолниште и бела блуза.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Беше дојден до информацијата дека еден од најумните од врвното југословенско раководство, кој како татко ми многу читал, во кого најмногу верувал и самиот Водач, а во еден период дури и Сталин, своевремено, додека се занимавал со одгледување и откривање на печурките, особено од својата родна северна република, помислил да ја ослободи земјата од козарите и да ја претвори во цветна градина со безброј печурки!
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ги отвори своите пупки и се облече во цветна сина облека.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)