Што се однесува до правата на работниците- инвалиди, укинато е правото на скратено работно време за лицата со преостаната работна способност, укинати се речиси сите надоместоци на плата што ним им се исплаќаат, намалена а подоцна и укината е минималната висина на преостанатиот надоместок на плата.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Имено, правното лице од горенаведените дејности може да ги исплати месечните аконтации на чистите лични доходи по работник најмногу до правото утврдено во закон 7 за периодот септември- ноември 1990 година, зголемен најмногу до 90% од растот на исплатените чисти лични доходи по работник во стопанството за последниот месец за кој се објавени податоците од Републичкиот завод за статистика во однос на просечниот месечен чист личен доход по вработен во стопанството за периодот на септември- ноември 1990 година (чл. 1, ЗИЛДДЛПР/91).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)