Биле ветроепци: кога не им се работело, местеле по ридиштата примки за еребици, барале рекички од кои со приготвени кошови ќе извадат риба или во шумата покривале со лисја стапици за дивина, па фатиле болвлива лисица и срнец со бел задник. Лапале и полжави и желки.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Биле вешти занаетчии: за малку леб од вршник, варен компир, изварка со лути пиперки или пресолена пастрма, ги прекројувале нагнилите куќни покриви, ваделе за две деца беневречиња од стари таткови или дедови тулуми од тежок валавичарски шајак, крпеле или делкале нови каци, крбла, корита.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Можеби и го сакаше тој, сето она, што се случуваше сега надвор, но и тоа негово сакање беше мирно, со полно познавање и со полно разбирање за дивината.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)