Исто така, пред, за време на штрајкот и после неговата забрана, штрајкувачкиот одбор упатува апели за помош и одржува средби со политичари, владини функционери и пратеници од овој град (вицепремиерот В. Пешевски, тогашниот министерот за финансии Т. Славески, министерот за економија Ф. Бесими, заменик министерот за правда И. Ибрахими, градоначалникот на Битола В. Талевски, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Н. Котевски и др.), меѓутоа од тоа не добиваат никаква корист.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
6 Додека траеше штрајкот, работодавачот незаконски имаше вработено работници на местото на штрајкувачите, а контролите на Трудовата инспекција за тие нерегуларности остануваа потполно слепи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
И бидејќи имам лоша навика да го прелистувам весникот од назад кон напред, свесно прескокнувајќи ги страниците за економија и политика, но не со цел да се задржам на некролозите, туку на рубриката за култура (ако воопшто има таква во овој ден од неделата), случајно дофаќам две страни повеќе и кога во рубриката црна хроника, што ќе видам: Јадранка сликана во придружба на двајца батки облечени во униформи, очигледно припадници на безбедносните служби, кои ѝ помагаат да излезе од огромен црн џип, ламја од минимум 3000 кубика.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
- И наш Никола се интересира за економија.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
„Никој не ја чувствува неправдата така добро како децата. Единствено во детскиот свет тоа чувство најмногу е изострено“ рекол носителот на Нобеловата награда за економија, Амартја Сен.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Едни од нашите највидни, просперитетни и за економијата важни фамилии се Голдштајн, Бергман, Гамлиел, Салиамонас! Да, еврејските фамилии!
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Многу е скап. Ја раниме во задниот двор, таму може да седи колку што сака, - рече тетин ми и накратко ме погледна со жмиркавите очи.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)