Рада се бореше за здив, а Снеже продолжи не забележувајќи ја нејзината состојба. - Се вика Виктор.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Го олабави прстот од чкрапалото, исцрпен, се бореше за здив, му се чинеше како точно во срцето да го клоцнал коњ.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Беа и едни лити завивања во колениците, и боцкаво трпнеење во подноктиците на рацете, блажеви во слабините и она познато чувство за здивот, исполнет и затнат од некаков снег.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Работеа како мрави, грбовите им беа исти, а за здивот и за потта да не зборувам”.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Во одеднаш разбудената ноќ околу него тропотеа чекори, лаеја кучиња, пискаа женски гласови, пцуеја мажи.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Се исправи борејќи се за здив и свест и помина со дланка преку темето.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)