Не сакам за нив да зборувам, тие се покажаа жедни за крв.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
И Селман брадатиот, татко му кому му пратил поздрав, без веќе да жали, бидејки за крвта на брата си беше го фатил, — глава му одзел на Али.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Како шо ти реку. За пљачката — пљачка; за крвта — крв. Ме разбра ли? — А бре, те разбра! И те разбра и не.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И запеа. Луто, плачно, крваво. До крв и за крв.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
— Одмазда, Андоне, одмазда за виа, пци. За пљачката — пљачка, за ќотекот — ќотек, за крвта — крв. Ете, тоа е спасението од ниј.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Млекото ѝ секна, лутите чеда, недостасани за крв, ја кинеа со гласни писоци.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Откако го растргна последното диво јаре на поило, дури отаде планина, се како опусте наоколу. неколкупати оттогаш се искрадуваше од својата јама, дење итро и претпазливо, ноќе скриена во мракот и послободна, но не најде трага на ниедно животно. млекото ѝ секна, лутите чеда, недостасани за крв, ја кинеа со гласни писоци.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)