Тоа е веќе едно ново време, време кога и конференциите и Месната и Тацко Настејчин и малите селски агитатори наеднаш како да потемнеле, заостанале зад животот кој навлегол во нови колотечини, кога виталниот сој на жителите на Пасквел започнува масовно да ја напушта долината, не обѕрнувајќи се на минатото и итајќи кон својата иднина.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Го вртев во рацете и се чудев, зашто такво писмо, без печат, со букви што светеа со чуден сјај и од кое се тегнеше конец пареа и исчезнуваше во воздухот, од кое павкаше миризба, тоа писмо како да беше дојдено од некој друг свет, од некој друг живот. Зад живот.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)