кај (предл.) - двајца (бр.)

Но таа општа констатација беше проследена од сосем различни чувства кај двајцата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
При одредувањето на отказниот рок и правото на отпремнина се зема предвид работниот стаж кај двајцата работодавачи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со текот на годините созреавме во бракот и почна да се јавува и толеранција кај двајцата нас. Толеранција и приспособување.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
За да се одмориме од патот влеговме со мојот пријател во познатиот париски ресторан и кафеана „Кај двајцата Магота“ која е стара стотина години а која беше преполна со гости.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)