Меѓутоа, реалноста на теренот, успесите на НОВ и ПО во Македонија во борбите против нацифашистичките окупатори не можеле да го остават рамнодушен британскиот премиер Винстон Черчил, кој од своите разузнавачки служби побарал да се пристапи кон анализа на она што се случувало во Македонија и да се испита можноста за испраќање агенти на СОЕ.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Токму затоа што во потполност е свесен за овој кобен недостиг - непостоењето на граѓанин, односно отсутноста на самиот оној автентичен објект на сеопштата хрватска фасцинација со средиштето - пристапува Кравар кон анализата на Крлежиниот текст и кон уште едно толкување на случајот Крлежа воопшто.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Од научно гледиште, многу помалку знаеме за пишуваниот отколку за говорниот јазик, главно поради пристрасната насоченост кон анализата на говорот карактеристична за лингвистичките проучувања во 20-иот век, којашто дури денес почнува да се исправа.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Со тоа математичкото мислење направи одреден чекор назад кон анализа на системот.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
По извршените анализи, британскиот политички врв оценил дека во однос на Македонија треба да се внимава пред сè да не се дозволи остварување на идејата за јужнословенска федерација и посебно да не се реализира идејата за формирање самостојна и обединета Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Но, никој не почувствувал потреба прво да се консултира со мене и да побара некој совет што да каже или како да го застапува размислувањето што беше во основата на мојот, признавам, нов пристап кон анализата на машката геј-култура и на машкиот геј-субјективитет.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)