кон (предл.) - село (имн.)

Одеа полека кон селото. Коњите разнемоштени, едно од тешкиот товар, што дотогаш го тегнеа, друго од разделбата и немоќта што не можеа да му помогнат на својот стопан, со вина во погледот врискаа... час подигајќи ги предните нозе, час се тегнеа наназад вклопувајќи ги задните нозе вземја, со високо кренат опаш ја покажуваа својата лутина.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Еден ден, дедо Милос си поминувал тука, терајќи го стадото овци од пасење, кон селото.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Веднаш беа го убиле, на самото место, па се упатија кон селото.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Го виделе качен на некоја карпа и гледал кон селото.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Почекавме да слезат, а потоа и ние по нив отрчавме кон селото.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Најпосле бесно го прескокна едндекот и се загуби кон селото.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Го остави северниот крај слободен, не за да го пушти Толета да избега, ами да му го поттера на оние јузбашии, што исто така ноќта ја навртеа војската на дветри стотини метра до селцето и залегнаа на пусија во густите смреки и грмушки од Никулица, Нежилово и Клен за да го дочекаат скриени зад карпите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Селската стража веќе ги фати пристапните места кон селото.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кршка лево, кршка десно, ги подлажува дека се вратил кон Градешница, но сега загарите не се подлажуваа со лисичината опашка, бидејќи и селаните правилно ги известуваа за Толевото движење, та не го оставаа ни да се издише.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Редот ја носи. Гости чека иако е Петровден по три месеци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Нека кршка, нека кршка, Неговиот правец е преку река, — им рече тој на јузбашиите и прати едно одделение да ги извести оние јузбашии, што беа по левиот брег на реката за да се приберат кон селата Вепрчани и Гудјаково и да го чекаат арамбашата Толета со неговата дружина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Околу мракот Ѓорѓија со тројца десетари пак накачи на колибите и во вечерната мугра гостите тргнаа кон селото.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Овој ги фати сите пристапни места кон селата и Толе уште на втората вечер нагази на пусија крај бачилото Манчевско во Бешишкото поле.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Доаѓа шумарот“ - си помисли, па почна, тргнувајќи од својата колиба, да го следи со очите патот што лазеше преку Гогов Валог и преку Рамни Ливади и што под Дуковските колиби завива по реката кон селото.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Набргу Бојан го збодна коњот кон селото, а доктор Коста, инженер Александар и Денко забрзаа преку Гола Глава.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Сега ќе видите. Од споредниот пат кон селото, се одбивме на уште поспореден, тесен колку за селска кола, и набргу избивме во еден забел каде што престанавме да потскокнуваме по камењата и браздите.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сепак, еден летен ден, во недела напладне, кога сите на гредите пред продавницата седеа како овци на мерис, видоа како далеку долу под селото, над врбите крај патот, се крена облак прав и потоа заоди по кривините на патот кон селото налик бушава џиновска брзонога гасеница, што кога влезе в село им се виде како ламја од која се саштисаа и сите преплашени станаа на нозе.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Само волци кога ќе наближеа кон селото, или аскер ќе втрчаше на своите силни коњи.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Селото Капештица го зазедоа Грците и нѐ напаѓаа со мали сили, додека со главните сили се втурнаа по џадето што води кон селото Смрдеш, кое се наоѓа од таа страна на границата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Со здржана воздишка се прекрстуваме и немо тргнуваме кон селото.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Колку и да не сакаше да си признае, и тој го чувствуваше гневот на претпоставениот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сите овие денови, додека се шушкаше дека некаде се крчка некој политички договор за примирје, од нивната позиција преку двогледи гледаа како долу во градот секојдневно минуваат возила, бели џипови со црни таблички и по патот се искачуваат нагоре кон селата, па потоа повторно слегуваат надолу, побргу отколку што се качуваа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Единствено му остануваше да оди напред, нагоре.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Знаеше дека не смее да се враќа назад кон селата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Можеле да се зграпчат, секој со крвави прсти да му ги копа очите на другиот, а некои од другите подоцна кажувале дека и едниот и другиот Онисифор го сонувале пред тоа покојникот Дмитар-Пејко, жив и со живи прикаски на танките усни за она што ќе се случи, навистина за она што се случило подоцна на патот од Кукулино кон нигде и на пат од тоа нигде кон селото со седумдесет и шест куќи, најубавите од камен врзуван со вар, повеќето накривени, плитарски.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Бездруго, рекол првиот. - Пепелта на човекот е пак тој самиот, пепел. - Кога ќе те сторам пепел, пак биди тоа што си сега, рекол вториот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Знаеше дека луѓето го носат кон селото, одземајќи го од дивината и враќајќи го дома.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој по малку требаше да си замине кон селото, кон дома, и сега му го оставаше на ова свое срнче сето сено, што го имаа тука, а за вода му донесе од пред вратата големи грутки снег и ги стави во сите садови што ги имаа тука; сите нив добро ги настега со снег.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кучињата се исправија и тргнаа кон селото како и секогаш - две со стадото, едно, со железен браник околу вратот, по нив.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ќе се зададе озгора, како запалено клапче грмотрн, ќе се тркала, ќе се зголемува и ќе гледа кон селото, кон сретселото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се враќам сега, надолу, пак кон селото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И Мирче се сврте со навлажени трепки кон селото. Очите му се подзаматени.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Си го прераскажувам така сонот, трчајќи кон село.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Сврти се уште еднаш кон селоно, кон полено, му вели Уља, којзнае дали ќе го видиш и другош.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кучињата се исправија и тргнаа кон селото како и секогаш - две со стадото, едно, со железниот браник околу вратот, по нив.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се исправи. Со ревење во себе се спушти кон селото заедно со темнината, со ноќта што дојде пред месечината.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Стрчнуваат измеќарот и кметот да го фатат, но тој со сета сила бега кон селото.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ми даде ќебе и си ги слече чизмите иако јас не му ги барав. Кога ги облеков таман ми беа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тргнавме кон селото Ќафа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Една вечер бевме ударници. Нашата десетина се упати кон селото Грбавец, Тиквешко, кога наближивме до селото требаше да биде строга тишина.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Веднаш потоа бригадниот командант Бодри замина со коњот во потрага по нив, ги врати и им се закани.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ја симнав пушката од рамо, ја ставив на готовс и се упатив кон селото без никаква заштита.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Коњот со мака ја теглеше колата по нерамното џаде и наближуваше кон селото; фрчеше со носот, се потеше од жештина и од теглењето.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Како што наближуваше кон селото, времето сè повеќе се разведруваше, разубавуваше; сонцето подизлегуваше од облаците фрлајќи куси одблесоци како некој да си игра со огледалце.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Другиот табур на чело со Селима, Фазли и Даута да го фатат мостот на Светецот а да го стегнат обрачот преку Витолишта – Полчишта – Сатока кон селото Градешница и Старавина; а третиот табур нека го поведат Мехмед, Муарем и Фета со своите луѓе преку Скочивир – Будимирци, пак Старавина – Градешница.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Некогаш ги зафаќаше и навреме полковниците, ги заплуснуваше ненадеен дожд; за миг стасуваа далечните облаци кои потпомогнати од некакви високи ветришта што талкаа по небесните височини; ги опсипуваше во трчаница, кусо, но обилно, така што ни дрвјата под кои се засолнуваа, не можеа да ги заштитат; искиснати, им идеше студенило по снагата, морници, и со брзаница слегуваа низ падините кон селото, влечејќи ги коњите за уздите од чии тела избиваше пареа како да поминале низ врела вода.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- викна Трајче и се спушти назад кон селото.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Додека косеше Горјан, Трајче по една бразда ползеше назад кон селото, каде што се наоѓаа сандаците полни со муниција.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
И уште сонцето ја немаше истресено росата од тревјето, тој веќе се спушташе кон селото од Дика.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Лесата носилка на водата рамнодушно го носеше кон селото.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Куќата е на еден кат, со задниот дел свртена кон селото, а со лицето кон езерото; кога ја градеше куќата, жена му го тераше да кренат уште еден кат, но тој не се согласуваше; ѝ велеше: „Куќата е како дрвото: за да се крене повисоко - треба да пушти подлабоки корење, а ние сме тенки во парица: не можеме ни надолу да одиме, ни нагоре“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Седеше и гледаше надолу кон селото, кон куќата и оџаците што започнуваа да чадат, кон луѓето што се распрснуваа на сите страни по работа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Од Драчево тргнаа десно угоре кон падините на Китка, кон селото Батинци.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Го следи движењето на големата колона која по беспримерниот и налудничав јуриш со кој е скршен обрачот на противникот, во трчање се растури кон селото Ревани.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Колона камиони со запалени светла се движи кон селото Света Недела.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Овчарите мораа да се распоредат така што ако се зададе непознат човек од некаде кон селото или ако штогоде се случи, да можат еден преку друг да јават в село и од село на време да им биде јавено на комитите.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Дури подоцна истиот ден некој ја нашол маската натоварена како си пасе, ги собрал расфрлените работи и кога тргнал надолу кон селото, детето почнало да плаче од вреќата и така дедо Стефан останал жив и здрав.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Веднаш потоа јурнавме надолу кон селото.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Многу-многу ние децата не можевме да дознаеме зашто сите нè распоредија по присојското и по осојското, по редовите од двете страни на реката да внимаваме повеќето одошто обично да не наиде кон селото некој туѓинец.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Србин се исправи и тргна напред кон селото велејќи: - Ако не мораш, не го ставај веднаш во кутивчето. - Добро, - рече Србин.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ги оставија пушките крај себе и двајцата, со колениците собрани под брадите, мируваа загледани под веѓи кон селото.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Војниците зад нив ги посматраа сѐ додека не свртеа на завојот кон селото в десно и видоа како влажните алишта на грбовите им се испаруваат сушејќи се по дождот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Освојуваа лозје по лозје, пребегнуваа од грмушка до грмушка и од меѓа до меѓа додека не излегоа од патот што од џадето се исправа нагоре кон селата.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Влегоа во грмушките и седнаа над еден камен од каде што погледот беше упатен кон селото на Тетинот и Тетката.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Потоа, по некое време за кое Едо не беше свесен, милицијата ги потера селаните назад кон селото така што ја снема немата толпа селани во густото зеленило во кое беше обраснато селото.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Слегуваме кон селото Четрок, времето е некаде попладне, речиси квечерина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тие членови, вооружени милиционери од Цапари, чекајќи го кираџијата, биле забележани од една патрола и со пушчани истрели подгонети кон селото.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)