Со внимание се следеле и сите написи во весниците, како во Македонија така и во Југославија, ако имале допирна точка со обединувањето на Македонија или се однесувале на федерацијата со Бугарија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Концентрацијата на својата активност на тесно регионално подрачје била една од причините бугарската војска релативно брзо да ги открива активностите на македонските партизани од делот на Македонија под Бугарија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Во овој период организираните групи пристапиле кон собирање на оружје и медицински материјал во Горна Џумаја, Свети Врач и Петрич, а едновремено се одвивала широка политичка и пропагандна активност.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Нивниот интерес, пред сѐ, бил насочен кон собирање информации од разни извори, главно на изјавите на македонските политички и воени лидери во однос на делот на Македонија под Грција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)