- Но, да се вратиме кон споредбата меѓу Дописникот и Озлогласената: разликата меѓу филмовите е пред сѐ во тоа што во Озлогласената навестената тема на напнатост меѓу јунакот, девојката и остарениот „виновен” татковски лик така непосредно доминира што филмот скоро го перципираме како коморна драма и е снимен без вообичаените Хичкокови комични детали и акциски елементи (бркања и сл.), додека тонот на Дописникот е доста „полесен”.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
ЧАМЕЦ ЗА СПАСУВАЊЕ (1944) Појдовната замисла на филмот е секако да се прикаже во еден микрокосмос (чамецот за спасување), макрокосмосот на американското општество во неговото соочување со нацистичката опасност: наспроти униформираноста на нацистичкот тоталитаризам, што го олицетворува еден противиграч, Вили, стои melt- ing pot-от на разновидните социјални слоеви, народности, убедувања, карактери; преку низата напнати сцени и заострени, понекогаш иронично обоени дијалози излегуваат на видело сите општествени, културни и идеолошки напнатости на американското општество, додека бродоломците конечно не најдат доволно моќ за единствен настап против непријателот.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)