Фрли поглед кон чардакот и кон Татковата библиотека.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Знаејќи за неговата болест, тој повеќепати поминуваше крај реката, загледан кон чардакот на нашата куќа.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Отворена, со полустаклена врата кон чардакот и со еден голем прозорец кон реката, таа беше постојано светла.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Го поведовме кон чардакот. Картите беа подготвени. Пристапуваше четвртиот партнер.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Најпосле Климент Камилски запре со разгледувањето на книгите и се упати кон чардакот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Мајка, која одеше пред Камилски кон чардакот, не можеше да разбере што точно се случува.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Па нека стигнат, кај што ќе стигнат, без да ја одредат однапред целта. И еве, Климент Камилски, со Пандориното куферче преполно со книги, записи, се упатуваше кон чардакот, каде што нестрпливо го очекуваше Татко.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Утрото пред да дојде Камилски, се разбуди рано, кога сите спиеја во семејството, а само Мајка беше полубудна, никогаш во животот не заспа со цела душа, појде тихум кон чардакот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Мајка веќе беше будна, вечно внесена по редот во куќата, по навика појде кон чардакот, да си рече доброутро со Татко.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Скоро, што братучедите малку ги зачуди, наместо оние двајца, излезе некој трет, им завреви нешто, ги истурка кон чардакот над тремот од племната.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Во еден момент, се опулив кон чардаците и забележав како зелениот мантил на Рибоокиот се мерна и исчезна во една врата во аголот на чардакот, отспротива.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Ја замолив да седне пред скалилата кои водеа кон чардаците и почнав да ја сликам.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Но вратата од кералот веќе беше зафатена и гореше, а започнуваше да гори и скалата кон чардакот.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Татко и Гури Порадеци појдоа кон чардакот.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Татко повеќе ништо не рече. Замина со книгата кон чардакот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)