Со пристигнувањето на првите британски воени мисии на територијата на Кралството Југославиј,а британската дипломатија ќе започне да ги помага сите оние што се бореле против нацифашистичките окупатори, а со тоа и да го трасира својот пат кон идната поделба на Европа на интересни сфери.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Кралството Југославија ќе стане полигон на којшто ќе се води борба меѓу двете идеологии – комунистичката и капиталистичката, меѓу партизанското движење, предоводено од комунистите, и четничкото националистичко движење, предводено од генералот на кралската југословенска армија генералот Дража Михаиловиќ.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
5. И тие дни во кои сонцето само зборува молчат Ветрот мине по грмушките по лисјето душкајќи Лазачите ги штрека глуварките во пројаснетиот воздух ги развева далеку дури татни Тој гром од човечка рака пред портите на гибелта Гласот на ранетата тишина зборовите ги бара По крвта пребарува по ѕвездената роса што посега Месечината и сонцето го менуваат здивот и издивот на трепетните лисја под времето што протечува со копнежот долг по гнездото на песната што се подава Светлина во очите И чело загледано кон идната виделина на бидноста што ќе огрее по насмевката минејќи на сите уморени што сонуваат во заслонот на неизречените зборови
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Додека му се смеат, зачудени од каде им толкав кикот, тој веќе ита кон идниот Град.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)