меѓу (предл.) - вас (зам.)

Ние грчките попови меѓу вас славјанобугарите шириме божји мир и култура, а не умирачки.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во Нивици ме прифатија нашите и ...еве ме сега меѓу вас, жив и здрав.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ете, еднаш месечно, колку да ме информираш што се случува и како стојат работите меѓу вас.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ја слушнав и караницата меѓу вас во оние денови кога ја натеравте тоа да го чини; таа ти се спротивставуваше, плачеше, паѓаше во несвест, но твојот бес и закана ја тераше да попушти.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Де, мори Пелагијо, нема ѕидови меѓу вас што си се растреперила? си вели сама на себе.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Триста години си останавте раја со ваш јазик, вера и име... пред триесет години со моја дозвола, ама со грчки пари сред село изградивте црква и од тој ден се поделивте на патријаршисти и егзархисти и разделница отворивте меѓу вас и се развраживте со големата помош на тие, кои ви се правеа пријатели.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сфатете што значи тоа за вас: растете, закрепнувате и сѐ повеќе, од ден на ден, созревате и ја зацврстувате блискоста меѓу вас, другарството. . .
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
(напати ти се привидуваат пештерните манастири околу Белото, лихт луминозно езеро - она понасевер од Делфи и од Костур - светилиште само по себе облиено со внатрешен сјај од белки на монахинка среде коишто, во драматичен контраст се вовира зеницата, духовниот рез); - многу мислиш, а малку искажуваш јазикот за тебе поскоро е молвење од разговор, сѐ е ВНАТРЕ и ти, и Тој, и исказанието и дослухот меѓу вас и предметот дури се вовлекува во тој, невидлив за другите, Круг; - и повеќе не правиш разлика меѓу искреноста и вистината со денови се повлекуваш во себе секнуваш, понираш, остинуваш стаписан, онемен, оти си согледал: не е лесно да се биде искрен!; - и повеќе не е битно дали нешто те повикува без престан да му припаднеш, сестро Варваро или просто посакуваш од дното на душата од нејзината небесна бездна да постоиш блажено во согласје со себеси и навистина повеќе ништо друго не е суштествено освен: да ја бараш сопствената сенка сѐ додека не си соѕидаш самица а во неа си - Лице без сенка: м-о-н-а-х!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)