меѓу (предл.) - жена (имн.)

Толе му појде на Аќифа, којшто стоеше меѓу жените, и без да проговори ни збор, го фати за затилок од широката флока и го извади од танецот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Онаму отаде гледам еден одред специјалци како ефикасно извршува некоја своја задача меѓу жени, деца и старци.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Дали опасноста од затворската казна би можела да ја спречи наркоманијата меѓу жените?
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Меѓутоа, идејата прво свесно да се зголеми достапноста се на дрога на жените, и покрај високиот ризик да дојде до злоупотреба, а потоа, доколку подлегнат на искушенијата, да се апсат, претставува цинична и морално вознемирувачка политика.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Бидејќи разликите се релациски, по признавањето на феминистичкото стојалиште, станува можно да се помести вниманието врз разликата за да се покријат разликите меѓу жените и второ разликите кај секоја жена, т.е. расцепената природа на субјектот.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Признавањето на заедничката врска меѓу жените е почетна точка за феминистичката свест и тоа го запечатува пактот меѓу жените.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
На едно место (5, 9), Хорот дури ѝ вели на Возљубената: Со што е твојот возљубен подобар од другите возљубени, о, најубава меѓу жените?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Зошто да бидам како скитник крај стадата околу твоите другари?, а наместо него, одговара Хорот: Ако не го знаеш тоа, о, најубава меѓу жените, тогаш оди си по овците свои и паси ги јарињата покрај пастирските шатори.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И тогаш стана една голема тепачка меѓу жените.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И, како што си ја мислам така, туку — оп, еве ја: и неа ја гледам меѓу жените.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Може да е пребеган во Албанија, вели некој, а може да се крие забулен меѓу жените.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Брза зашто сонцето се навали над високата плаиина.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И одново тука, меѓу раздомените, кои со секој ден што одминува ја губат и надежта дека ќе се вратат на своите пепелишта и живеат со своите спомени и секој ден чувствуваат дека нема ништо пострашно од празнината, таа, меѓу овие старици и снеможени мажи, меѓу вдовиците и жените одделени од своите мажи, меѓу жените што секој ден намнисуваат за своите деца што се наоѓаат на фронт или под туѓи поднебја, меѓу постојано расплаканите и разврескани деца, сега се чувствува сосем сама. Сама.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Се случи она во што никогаш не би можела да поверува, иако секој ден ја стегнува и ја сподавува болка кога слуша како многу мајки и жени ги оплакуваат своите мажи и чеда...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Се омажила во дваесет и второто лето.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)