меѓу (предл.) - трева (имн.)

Погледна таму каде копаа. Освен испокршени гранки, нафрлени една врз друга и малку свежа земја растурена меѓу тревата, ништо друго не виде.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Езерото лежеше мирно под пладневното сонце, просто умртвено, како да ги потиснало и со коленици и со петици не само рибите меѓу тревите туку и брановите на дното.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)