меѓу (предл.) - внатрешен (прид.)

На овој степен, од клучна важност за шизофреничарот е да ги почувствува сиот шарм и сите убавини што почиваат во меѓупросторот меѓу внатрешното и надворешното, и на сето она што е опфатено со доживувањето и откривањето на она што навистина му припаѓа на сопственото јас.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Клучот има опсцен мизансцен. Само тој може да ја гали складно вулвата на вратата, топлиот премин меѓу внатрешниот и надворешниот видик.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Но, дека во концептите очигледно настанува хаос (хаосот е етер!) доказ е и пробивањето во материчниот простор на подрумот (кој служи и за „оплодување“, точка на средба не само меѓу внатрешното и надворешното туку и меѓу машкото и женското, а што можеби е едно те исто?!) на младиот господин Робин, уште еден сперматозоид во беспоштедното умножување на одрази, знаци и медии?!
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)