меѓу (предл.) - многу (прид.)

Одев по широкиот двор на Дојчина, се провлековува меѓу многуте луѓе и ништо не разбирав.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ете неколку, меѓу многуте, причини (артикулацијата, транспарентноста, ставот) зошто во ударниот темат на оваа Маргина се поместени есеите на Борис Буден, кој освен што веројатно е најинтересниот хрватски аналитичар на премрежијата меѓу културата и политиката, воедно е и еден од клучните луѓе на мошне значајното (иако со мал тираж) списание „Аркзин“ (на делумно сличен начин како Маргина овде „Аркзин“ е конфронтиран со тамошниот интелектуален естаблишмент).
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Меѓу многуте „претставници“ на божјаците од прозата на Ренџов, се паметат ликовите на Сане Сандин од Човекот што го немаше во законот, Ефрем Ефремов од Сенка, Невена, Ристосија и Кијмет од истоимените раскази, Мише Сечко, гулабарот од Светиот дух и др., но меѓу сите нив по својата уметничка впечатливост особено се истакнуваат Сане Сандин, Невена и Кијмет.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)