меѓу (предл.) - сојузнички (прид.)

Пристигнувањето на првите сојузнички новинари и нивните извештаи и репортажи од самото место влијаеле да се надмине времето кога Југословенската влада во емиграција и нејзините пропагандни центри успевале меѓу сојузничката јавност да протурат информации за „борбата“ на Дража Михаиловиќ и за четниците, игнорирајќи ги силите на НОВ и ПО на Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од средината на 1944 година, настаните на политичко поле во врска со Југославија се одвивале со таква брзина што во секој нареден ден се очекувала разврската на т.н. југословенски проблем.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Одделот за специјални операции (СО) во Лондон бил задолжен за преземање и раководење со саботажи, за помош на движењата на отпорот и на народноослободителните движења, како и за герилски акции на териториите окупирани од силите на Оската.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Како главен центар на европскиот континент служел Лондон, а бил формиран при крајот на 1941 година, со цел да се олесни соработката меѓу сојузничките разузнавачки служби и да послужи како база за преземање шпионски активности и операции во Европа.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)