Доколку постои можност пренесувањето да предизвика сериозни потешкотии за работниците, тогаш задолжителната консултација со синдикатите може да се ограничи, доколку за ваквата работа се одлучува на арбитража (чл. 68-б, ЗРО/05 – Пречистен текст).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Ако работодавачот и работникот се согласат со арбитражно решавање на работниот спор, одлуката на арбитражата е конечна и задолжителна за двете страни и против неа не е допуштен спор пред надлежниот суд (чл. 183, ст.3-4 од ЗРО). Lex specialis за проблематиката на т.н. вонсудско расправање спорови со работна тематика, како што видовме на почетокот на книгава, е Законот за мирно решавање на работните спорови (2007) кој започна да се применува од почетокот на 2008 година, но сѐ уште не наиде на добар одѕив во праксата. 247
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Индивидуален спор Со единствената новела на овој закон се определи дека индивидуалните спорови, освен со овој закон, ќе можат да се решаваат и согласно новиот Закон за медијација (чл. 1 од ЗИДЗМРРС/14).95 Ваквото решение е секако во корист на работникот, бидејќи медијацијата подразбира донесување на заеднички прифатливо решение кое е предложено од сите страни во спорот, изразено во форма на писмена спогодба, за разлика од обврзувачкото решение на арбитражата, кое најчесто е во корист на само една од страните во спорот.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Во овој случај кратењето на дотогашните права е во две насоки: прво, порано рокот беше подолг и, наместо осум, изнесуваше 15 дена (чл. 144, ЗРО/03 – Пречистен текст); и, второ, беше избришана одредбата која на поднесеното барање му признаваше суспензивно дејство, односно пропишуваше дека поднесувањето на барањето го задржува извршувањето на одлуката – сè до донесувањето на конечна одлука кај работодавецот, освен во случаите утврдени со закон; б) втор инструмент се приговорите против одлуката за отказ, било да е со или без отказен рок; како и против одлуката за суспендирање т.е. оддалечување или времено отстранување од работното место (чл. 91 и 93, ЗРО/05); в) трет инструмент е тужбата за покренување на посебна граѓанска судска (парнична) постапка, со која се иницираат т.н. работни спорови (чл. 181, ЗРО/05); 28 и г) четвртиот инструмент, по ново, е спогодбата т.е. „компромис“ за доверување на настанатиот спор на посебен мировен совет, доколку станува збор за индивидуален спор или, пак, на арбитража – ако станува збор за колективен спор (чл. 182-183, ЗРО/05). 29 28. Со својата шеста одлука по повод ЗРО/ 05 (У. бр. 188/2006-0-0 од 4.IV.2007)
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
8 – Четврт механизам, од 2005-та, е спогодбата т.е. „компромисот“ за доверување на настанатиот спор на специјален ‘мировен совет’ составен од три члена, од кои по еден определуваa работодавачот и работникот – доколку стануваше збор за индивидуален спор или, пак, на ‘арбитража’ – доколку стануваше збор за колективен спор (чл. 182-183, ЗРО/05).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Судот, во случај да најде дека се работи за барање со кое странките не можат да располагаат – нема да донесе ваква пресуда, иако се исполнети останатите потребни услови.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во врска со известувањето на работникот по извршената инспекција, за разлика од ЗИТ (1985) – ЗИТ (1997), предвидува само доставување писмено известување за утврдената состојба (чл. 16, ЗИТ/97).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Имено, ако тужениот – до заклучувањето на главната расправа – го признае тужбеното барање, судот – без натамошно расправање, ќе донесе пресуда со која го усвојува барањето на тужителот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)