Ина се кикотеше, се потпре на рамото на аѓутантот и се смееше; почна да се смее и аѓутантот; им пријде и сестра ѝ, Светлана, и љубопитно прашуваше што се случува; аѓутантот ѝ говореше нешто на украински, и таа се закикоте, исто така.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Потем Ина му шепна нешто на аѓутантот, тој нишна со главата, пријде кон мене, и ми рече: „Госпоѓицата со задоволство ќе ви одговори на прашањето ако сега си одите, и ако по последната претстава, вечер, ја побарате во нејзината приколка.“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)