Кога се вратив собрав до што беше автомобил во мојата Република и сите им ги продадов на будалите.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Но тоа го изговорив не со револт, не како оптужба, го изговорив со еден тон на итрец, што само се правел на будала, се преправал дека не гледа како сакаат да го насамарат другите, ги остава да чинат што намислиле, а в душа надмошно им се потсмева, и еве со презир го погледнува предметот за кој се плетеле замки - новите чевли на нозете на Банета.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)