На влезот се разлеа крв прошарана со крувци мозок од истурената глава од кучето.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Секој пијан ќе ти се истопори на влезот и ќе ти се измоча, да простиш, на диречено. Ѝ велам на Зорка, не е ова некој живот, треба да бегаме.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Островот или наследените односи, воспитанието на почит и разбирање меѓу поединците во секоја верска заедница, што се негуваат од генерација во генерација, се тие што се чуваат како пламенот на домашното кандило, како реликвија, како највисока светија, како стара, наследена икона во домашниот иконостас, како свитокот со цитат од Тора поставен на влезот од секој дом од некоја поранешна генерација закинтски Евреи?
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Гледа во еден од свештениците, повиено старче со влажен и замислен поглед, кое поради возраста веќе не служи по епархиските цркви, забележувајќи дека неговата риза е толку стара и така избледена, што наместо црна, на сивата светлина на денот се чини модра.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Во себе девојката лефтерно одби да си замисли каква била орнаментиката на влезот на некогашната женска гимназија.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Девојката, која едно пладне сосема случајно заталка во муабетот на четворицата стари другари, пред да папса од здодевнст, мигум осозна зошто на времето Фелини снимал такви филмови.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Од бочната страна таа личеше на мавзолеј, а отворот во основата сугерираше на влез во подземна гробница.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Милан стоеше на влезот од работилницата и уживаше во пушењето на лулето што следуваше по ручекот.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Стоев на влезот на широчината и ја полнев капата со џамлии, слики, копчиња, шпиртосани бубачки, перца, празни кутии од помада и безброј слични предмети. од неколку улици наоколу доаѓаа деца и ги оставаа своите играчки во мојата ученичка капа.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Тргна, по долниот пат. На влезот на планината, студот го шибаше со снежни шлаканици, а тој пак опирајќи му се со подзамижување, навлегуваше сѐ подлабоко.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
12. Некој го украл патоказот на влезот на селото, ама затоа во него на едно вртење десно има самоделски знак „Гулабова маала“ Кради глобално, делувај локално.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)
5. На влез на Охрид карши–карши две погребни претпријатија – едното вечен, другото мирен сон.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)
Утрото, сѐ уште не беше фатила зора, стигнавме на влезот од Битола.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Под ниско обесените гранки, свртен на запад – зее мрачен отвор и самиот изглед на влезот буди морници.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Тука, токму на влезот на Потковицата, неочекувано се раширува; во должина и ширини од неколку стотини метра прави еден секогаш полноводен, наместа и по неколку метра длабок и со риба богат вир.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Нивна е заслугата што и ден-денешен во населбата, и во најжешко лето, три чешми, низ месингени шепурки, истураат студена вода - една на срецело, друга пред портата на Јанческите, а третата на влезот во населбата, пред Велјаноските.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
На влезот од кафулето неколку потпоручници на гардата, дваесетгодишни деца станаа и им салутираа.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
На влезот на компјутерот доаѓа кодирана фотографија во боја, снимена на отворено и на која можат да се видат дрвја, куќи, трева, небо и.т.н.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Симон ѝ рекол дека, природно, Борко имал многу непријатели меѓу Долненчани откога решил да го потопи Долнец и нив да ги истера долу на влезот на Б.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Само што се извлече од веленцето и тргна на кај вратата внимавајќи да не му стапни на мевот некому, кога онде, кај столбовите, каде што гореше огнот, се исправи и Геле Колишев и брзо стигна до сивата дупка на влезот која како веднаш да го голтнува.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
- Шетам околу костените, ја кревам главата угоре, барам, ама нигде да ги здогледам оние што пеат – сака да ме зазбори Кадрија.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
На плоштадот, под дивиот костен, на влезот во уличката кон Главната пошта и амамот, чистачот на чевли Кадрија, откако ги напика кај глуждовите картончињата за да ми ги заштити од боја чорапите, ја крена кон мене шеретската насмевка.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Беше потврдил и дека има свратувано во гостилницата, која се наоѓа на влезот од селото.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Всушност обидот да се насмеам на несоотвеноста на наредбата да чекам, што втаса низ ходникот заедно со ситните чекори на Росана, беше причината повторно да го почувствувам истиот оној давеж во грлото што пред малку ме сепна на влезот.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Филип Д. од своја страна не пропушти да напомене дека според негово мислење сепак ќе беше подобро недоразбирањата да се расчистуваат овде, на влезот.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Оној е Украинец. Има козачки мустаќи – русокосиот, жилав и нервозен тип беше слика на правнукот на Тарас Буљба во сив, старомоден костум.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
„Добре дојдовте во Виена“, пишуваше со жолти букви на зелените теписчиња на влезот од аеродромската згради.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
9 Мотив: црквата и гробиштата: Оддалеку најпрвин се забележуваат крошните на столетните дрвја припиени една во друга, грабејќи го лакомо просторот полн сончевина и отворен кон езерото до кај што окото гледа; црковната ограда е ниска и тие ја наткрилуваат, се префрлуваат преку неа со своите крошни, ги пробесуваат и ги спуштаат како зелени водопади; кога ветерот ќе го разниша зеленилото, се покажува камбанаријата и црквата издупчени од гранати; при секое удирање на камбаната, малтерот се лупи и паѓа како кожа од рани; на влезот од црквата сѐ уште стои на ѕидот св. Ѓорѓија качен на коњ и со копјето ја држи змијата прикована за земјата; наместа малтерот е паднат, та змијата е излупена во опашката, но јазикот ѝ е црвен, свеж и заканувачки издаден; гробиштата околу црквата се расфрлани без ред.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
52 Економските граници можеби станаа послаби, но еден елемент на традиционалната суверена контрола над границите и натаму останува – полициската контрола врз движењето на луѓето преку границите.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
119 Иако трговскиот центар сака да се легитимира себеси како вистински центар на заедницата, заедницата што тој ја создава е исклучива по социо-економска линија: несаканите урбана групи како што се бездомните лица и сиромашните немаат право на влез.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Глобалните сообраќајни мрежи ги преместија точките на влез од границите на места подлабоко во државата (меѓународни аеродроми), на тој начин правејќи го националниот простор поранлив и зголемувајќи ја потребата за внатрешни безбедносни мерки (аеродромска безбедност и надзор во трговските центри).
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Тие излегоа откај влезот со пластична кофа, па заедно ги полеваа цвеќињата насадени во бетонски жардињери, од двете страни на влезот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
На влезот се појави Мита и, тресејќи го од себе снегот, до огништето фрли цел преграб кусо сечени цепеници.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Едо погледна во разводникот и бидејќи разводникот не покажа знак на спротивставување, Едо тргна кон милиционерот на влезот од училишната зграда.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
18. На влезот седнал Војас од Кожанско и се топли на септемвриското сонце, небаре подник.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)