Таа, жетвата, без оглед на честите војни и реквизиции на житото, без оглед на суровоста на режимите на завојувачите, високите даноци и, самоволијата на даночниците и чифликсајбиите, и без оглед на тоа што таа сама по себе е макотрпна работа, во Потковицата од памтивек се извршуваше како нешто што налева сокови направо во жилите на животот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
За Татко, на Балканот, времињата тешко се менуваа однатре, во менталитетите на луѓето, а промените беа предизвикувани најчесто однадвор, од влијанијата на другите, на империите, на завојувачите, од непредвидливите удари на историјата.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Вака жителите на Потковицата, на подбишега, им објаснуваа на учителите и на чиновниците на завојувачите кога тиа нив и нивните деца со сила ги тераа пампурите да ги викаат пеќи, и продолжуваа а си се греат - на пампури.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Уште две љубовни истории ја потресоа Потковицата, и двете носат печат на времињата на завојувачите и тие такви, морничави, печати отиснаа во душите на жителите на Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)