на (предл.) - колач (имн.)

Го одврзав кесето и земав неколку златници и следните денови си ги трошев на колачи и бонбоне.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во рацете му остана тркалезно, бело парче, слично на колаче.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Го зема за рака Андреја и му ја става раката од една страна на колачот.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Најсетне доаѓа и она моделирање на колачот. А и тоа му припаѓа нему. На авторот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сѐ мирисаше на колачи. Ѓорѓија седеше со отворени очи и не мрдаше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ја гледам како рамномерно се движи низ кујната, без брзање, без нервоза.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Седам на моето столче, лактите цврсто потпрени на маса, главата цврсто потпрена врз дланките.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Се чувствувам наполно заштитен овде во кујната и мирисот на колачот дури ме успива.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)