Кога ќе собереше поголемо купче и кога ќе се измореше од товарањето и туркањето на количката, онака испотен на августовската жега, седнуваше само за кратко и испиваше голтка ракија од едно плоснато шише оставено до новиот ѕид.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Умрените се носеа завиткани во ќебиња, во веленца, на тезгериња, или на колички и се фаќаа со дрвени куки.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Денизден го слушам чкрипањето на количката на која ги изнесуваат отсечените човечки парчиња.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Иловицата студентите сами си ја копаа на блискиот рид и сами си ја носеа на колички, како што и сами си ја месеа под надзор на професорот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Помина цел час или повеќе и дури тогаш од зад куќата, по она тесно патче, се слушна дрангарање на количка.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Сешто работев. Кој сѐ да памети. Но најчесто работев по полето.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ги обрежував ресловите а момчињата на колички ги разнесуваа по сушалните готовите ќерамиди.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)