Трети... Климент Камилски со своите книги, посебно тие кои се однесуваа на курбанот, со отворени страници го очекуваше доаѓањето на Татко.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Се разбира дека не може да има поголемо проклетство отколку животот на непреодната граница, ја прифати Татко мислата на Камилски но на Балканот, уште пред падот на Османската Империја, била распространета мислата за трагичната филозофија на курбанот, односно на жртвата, која насекаде на Полуостровот и надвор од него прераснува во култ. Некои говорат и за Балкан-Курбан.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И Татко и Камилски не можеа да се сложат се тезата произлезена од балканската литература на времето, која имаше влијание врз институциите на идните времиња, во врска со терминот на курбанот дека постојат два света помеѓу коишто нема и не може да има вистински допир, ни можност за разбирање, два страшни света осудени на вечна војна во илјада облици..., потоа еуфемизмот на пеколната неслога, повикот на незапирлива борба со ветување дека курбанот, односно прекрасните жртви ќе бидат залог за поубав живот на некои далечни поколенија.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тоа може да се однесува и на курбанот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Сепак, Татко го остави да ја заврши мислата: Ние како да заборавивме дека нашата мисија ја започнавме мислејќи на иднината на нашите внуци, а не на минатото на нашите предци, на нивната божем пеколна неслога, причина за неизбежниот судир помеѓу христијанскиот Запад и исламскиот Исток на Балканот и што уште не. Зар не е тоа повик на курбан?
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)