Излеговме и на мегданот пред бараките почнавме да се миеме под поројниот дожд.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Сѐ си е на мегдан! На тие што ве влечат по градот, по темните сокаци, само надвор им е важно дали ти е кус фустанот.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Потоа гласот наизменично редеше песни и ги галатеше сите Турци, а најмногу него, дури може да се рече дека само него, Арслан бег; го набедуваше дека тој, Арслан бег, со дружината ги исклал Акиноските и го повикуваше на мегдан - ако е јунак, како што се прикажувало за него, и ако му јади газот стодрам барут.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Беа се растовариле на мегданите околу бањата, кои, како и секој петок попладне вриеја од чези, дотерани мажи и растрчани деца.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Но, сепак, мораше да се излезе на мегдан!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И не помина многу време скриената борба излезе на мегдан.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Нишан
(поделено јас)
Договор е јаболко да не клаваме
во разговорот - кутија отворена:
раздорот, пан-доратот
на мегдан сам ќе дојде
во ситен кас, ненасит
јаболкото е за по дома
уште повнатре
за интимни дела
(пред употребата добро да се одмери)
уште повнатре
во умот без него
-една глава сто ума-
расцеп на личноста, пизма без име
како јас-бол, како разроко јас
поделено јаболко: поделено ти
камен-меѓник (кај и да погледнеш!)
во мојата нива коренот
во твојата плодот
а сенката паѓа на сите страни
на светот, АДАМ.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)