Оти законите што ги носи државата сѐ уште не претставуваат ‘право’ – туку, во најдобар случај, тие се само ‘извори на правото’ [fontes iuris].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
А да го кажам и тоа дека другарот Едо, бившиот наш директор, на излегување од канцеларијата на правникот, се подврати и ме потсети дека таа пушката на чуварот треба да му ја вратам...
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Пред носењето на судиската одлука, единственото употребливо ‘право’ е мислењето на правниците [opinio iuris] – а, пак, тоа воопшто не е реално ‘право’, туку само претпоставка или, уште подобро, предвидување за тоа што ќе одлучи конкретниот судија во конкретниот предмет по кој постапува.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Реално постоечкото ‘право’ е всушност оној збир од правила што ги имаат утврдено судовите!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)