Всушност, за момент ѝ се пристори оти изворот на самракот е во градината, кај канадската топола.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Не е кошмар, не е глума, ниту пак сага на самракот мој.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
Сепак, уште со првите зорнини на самракот, кога од зад Усекот и од кај Алилово се зададоа воларите, тие беа деца и нив никој не можеше да ги исмева за стравот од Турците, со нив и по нив, обвиени во думани од прав што ја креваа говедата, почнаа да се враќаат една по една и тајфите од полето.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Со првиот самрак долж Булеварот на самракот (како разиграни ноти по петолиние) се движат светлата на илјадници бучни возила, кои потоа се слеваат надолу кон Лонг Бич, неговите би-бап солитери и весели џез- клубови.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)