Дени, станарката на Clock House, е вдовица на сликарот Алберт, кој до интервенцијата во Унгарија, бил тврд комунист, а потоа минал во „зелените“.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Тој кажуваше работи за кои ќе беше подобро да останеа неискажани, читаше премногу книги, често ја посетуваше кафеаната „Кај костенот“, собиралиште на сликари и музичари.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Експертите по хортикултура (заедно со селаните, кои го израмнуваат земјиштето и ја подготвуваат почвата) ја „промовираат“ новата голема градина на местото од некогашниот замок.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Местото на сликарите - боеми во Париз е Монмартр. И не се излагав.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Му ја подаде книгата на Сликарот и некако придушено, речиси шепотно, му рече: „Одговорот на оваа чудесија треба да го побарате во оваа книга, под одреденицата „Фазли паша“.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Кога заминаа офицерот и војниците, луѓето го кренаа вкочанетото тело на сликарот и почнаа да го носат на раце како икона.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Тивка мелодија во далечините на понорите, виножито помеѓу сонцето и дождот, скоро невидлива силуета на сликар во хоризонтот и бои црвени, бели, сини, боите на мојот сон.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Лесен чекор и лет на пеперутка, со мирно движење на четката го пресликувам мојот сон со боите на животот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Механичкиот балет на сликарот Fernand Leger беше инспириран пред сѐ од едноставните машини, оние на Epstein и Gremillon.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)