на (предл.) - кај (предл.)

Избриша солзи и погледна на кај подигнатата рака.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Хм. Потоа, не само Европа туку и Америка навали на кај нас. Само Сатирот е несреќен.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Те погледнав свету И мрачен ти беше (божем погрешен) Црно на бело крстозбор решен Кон светлина божем почна да идеш Но рабови тенки, кршлива рамка И овде-онде-пак црна дамка Те допрев потоа за сигурна да бидам Дали по патекава мека и тенка Можам воопшто на кај тебе да идам Или мене само така ми се виде А по текот твој и други видов нешта Девојка невешта по истиот пат Со мисли во облаци чекори кон Ад Со допир стаклен и смирен поглед Ко кукавица птица в незнаен лет А зад неа: надзирам јас со двоглед: – гледам кристално јасно низ овој проѕирен свет! 2001
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Одонде, од кај брлогот на бабата Петра, на Чана и Добра се крена една сенка и внимавајќи да не стапне врз некого, се пробиваше на кај влезот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Вангел Русјаков е сосема до неа, тие безмилосно навлегуваат во неговите очи, ете, да не е оваа шамата што ја накрена жена му, ако ја пружи раката ќе стигне до разделот, ама од пусти срам, а и поради тоа што таму од кај другиот ѕид ги должеа вратовите машките на Коста Ципата, се заврте на кај Милка, се сви околу неа како колак и чиниш веднаш продолжи да спие.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Оти последен нивниот вагон, назад нема ништо друго освен безброј шини што се собираат таму на крајот само во две, а ваму, нагоре, на кај главата на возот, луѓето веќе се раздвижиле и ги растоваруваат бовчите, вреќите и другите нешта што ги напикале во вагоните.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ова што се случува пред нејзините очи го говори токму тоа. Се свртува на кај сите.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Малечката Пелагија ги има свиено своите малечки раченца околу вратот на мајка си, само очињата ѝ се свртени на кај жолтокафеавиот Мурџо, кој, врти со опашката како со кадела, ги шета очите лево и десно, повеќе нагоре, како да се во некој нем разговор со очињата на Малечката Пелагија.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И не испулуваќи ни лево ни десно, заминува на кај големата река.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Се напика во пепелавиот фустан и молчејќи замина на кај монополот.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Мајката Роса е разговорлива жена, исто толку е и внимателна слушателка, ама сега смета дека претерала во сѐ па затоа стана и извинувајќи се што толку многу се задржале, тргна на кај вратата, а по неа, зацрвенета во лицето и Деспина.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Во разлабавениот простор Пелагија уште еднаш се доближува до Деспина, уште еднаш силно ја избакнува и прегрнува, истото го направи со Роса и Милка, Пела ја забележува во рацете на мајка Перса и со ишарет ги извлекува надвор, а потоа се предаваат на уличката што ги упатува на кај Бит-Пазар.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Митра седнува, карши неа Перса, а Чана, досетувајќи се, станува и тргнува на кај куќата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Таму ги остави во едно одајче, прибрано, варосано пресно, со гола сијалица на таванот, со ламаринено ќумбенце на средината и со една широка пенџера која гледаше на кај бавчите.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Навистина, кога ќе фрлеше поглед на кај планината и покрај тоа што изгледаше како некое огромно животно премрено под белиот кожуф, таа насетуваше матна радост што ја враќаше во родното село со планините околу него оти годините поминати во рамната земја ги имаа израмнето со хоризонтот на нозете.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Три ѕида, а отворено на кај реката и Паркот, виде дека лесно може да се крене уште еден ѕид и да се стави покрив за да се добијат две малечки простории. Така и направи.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Неколку пати ја завртува својата глава на кај Деспина ама никако да излезе глас од нејзината уста.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Пела спрета и се измолкна од нејзите раце и заедно со помалите сестри на Деспина заминаа на кај песната.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Нѐ товарија во камионите и нѐ кренаа од Прењес, ама камионите не тргнаа на кај ридот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Тоа беа некои магазини и коњушници во кои беа сместени нашите. А погледни на кај полето.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
А пари, чедо, велиш немате. Ако свртите опуљ на кај нас, можеби и ќе се најдат пари.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Заедно и возбудени тргнуваме пругоре, на кај кралската палата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)