Комисијата повторно да се врати и да изврши разграничување врз база на австро-унгарската генералштабна карта од 1911 година, репродуцирана од Географскиот институт на италијанската војска и да изврши обележување на неутралната зона.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Ако ги земеме новините од времето на публикувањето на февруарските реформи до и по објавувањето на востанието во Битолско на 20 јули9 и ги прегледаме во нив телеграмите од Стамбул, тогаш ќе видиме оти Портата10 постојано им претставува на рускиот и на австро-унгарскиот амбасадор списоци од битките на турскиот аскер со четите, списоци од најдено оружје при претресите кај населението, списоци од убиства извршени од четите над мирното население.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Зарем не доживеаја на Балканот слична судбина и малата империја Југославија, која произлезе по падот првин на Отоманската, а потем и на Австро-Унгарската империја, чиј амбасадор бев.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)