Како последица на ова, Ѓорѓиевски ги плаќа првостепените наведени парнични трошоци, како и трошоците за поднесување на жалбата пред Апелациониот суд, во дополнителен износ од 8.250 МКД, но веднаш потоа покренува постапка за ревизија, како вонреден правен лек, против второстепената, веќе правосилна пресуда на Апелациониот суд – Битола, пред Врховниот суд на РМ.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Како реакција на ова, тие покренаа ревизија пред Врховниот суд на РМ,5 како вонреден правен лек и конечно – дури во трет и последен степен, успеаја да го добијат спорот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Судскиот совет на овој највисок наш суд (во состав: Р.Максимовски – претседател и П.Голубовски, Б.Дулиќ, С.Кранли, Д.Узунов – членови) донесе пресуда со која ја преиначи второстепената пресуда на Апелациониот суд, па жалбата на тужениот работодавач ја одби како неоснована, а ја потврди првостепената пресуда на ОС Гостивар.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Веднаш по приемот на писмено изработената пресуда, работодавачот – незадоволен од истата, преку својот адвокат (Т.Неделков) – поведе второстепена жалбена постапка, но исто така жалби поднесоа и тужителите незадоволни од одмерените трошоци – па предметот беше препратен до Апелациониот суд Битола.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Конечно, во декември 2006, судскиот совет (во состав: м-р Љ. Неделковски – претседател, П. Попоски и С. Спасеноска – членови), носи пресуда со која ги одби сите поднесени жалби на работодавачот и на поранешните работници како неосновани, и ја потврди исправноста на првостепената пресуда, која во јануари 2007 стана правосилна и извршна.6
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Седиштето на Врховниот суд е во Скопје (чл. 26, ЗСуд).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Архивскиот број под кои е заведен предметот во Основниот суд Гостивар е: П.бр. 139/96; а во Врховниот суд на РМ: Реб.бр. 189/95.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Врховниот суд на РМ е надлежен: 1) да решава во втор степен против одлуките на своите совети кога тоа е определено со закон; 2) да решава во трет и последен степен по жалбите против одлуките на апелационите судови; 3) да решава по вонредни правни лекови против правосилните одлуки 138 на судовите и одлуките на своите совети кога тоа е определено со закон; 4) да решава за судир на надлежност меѓу основните судови од подрачјето на различни апелациони судови, судир на надлежност меѓу апелациони судови, судир на надлежност меѓу Управниот суд и друг суд, судир на надлежност меѓу Вишиот управен суд и друг суд и да решава за пренесување на месна надлежност кај овие судови; 5) да одлучува по барање на странките и другите учесници во постапката за повреда на правото на судење во разумен рок, во постапка утврдена со закон пред судовите во РМ, во согласност со правилата и принципите утврдени со Европската конвенција за човекови права и тргнувајќи од судската пракса на ЕСЧП; и 6) да врши други работи определени со закон (чл. 35, ЗСуд).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Второстепената пресуда на Апелациониот суд – Скопје, и покрај нашите обиди, не успеавме да ја прибавиме.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
После изрекувањето на конечната и мериторна одлука на Апелациониот суд, со која на работодавачот му се наложи да ги подмири сите обврски кон Костадиновска, и тоа во рок од осум дена, тој повторно ја игнорираше оваа обврска и пак не ја исплати оваа сума. Затоа, адвокатот на Костадиновска го упатува предметот до извршител (М. Николовска).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Околу пресудите на 92 Основниот и Апелациониот суд во Битола, Ѓорѓиевски ќе додаде дека многу не го изненадиле, со оглед на фактот што има сериозни сомневања оти судиите суделе во корист на бугарските газди, откако претходно биле компромитирани.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)