на (предл.) - владејачки (прид.)

За време на комунизмот во зградата беа сместени неколку споредни, во тоа време викани општествени организации, клонови на владеачката партија.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Другите размислувања за областите на моќ би го вклучиле степенот до кој сѐ уште постои некоја од структурите кои ги претставуваат претходните системи на владеачка моќ, и степенот до којшто институционалните нееднаквости - тие од структурна природа и тие кои се однесуваат на нееднаквоста на можностите - доминираат во нашата култура.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
На тој начин посматрана, културата привилегира формирање на вкус во естетска смисла, се разбира, според стандардите на владеачката класа (Бетовен е култура, додека слушањето на пијаници што пејат не е - освен ако не станува збор за етнолошко истражување, носталгија, или за снобовско истражување на кичот) (...)
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Земете ги на пример емигрантските држави (континенти) како Америка или Австралија, Јузна Африка итн., и покрај сите обиди на владеачките олигархии и нивниот политичко- социјален инженеринг (масонерија), вие сѐ уште имате страотни општествени дисбаланси - расизам, гетоизација, национални лобија...
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
„ Лакеи!“ ќе речеше, „Лакеи на буржоазијата! Подлизурковци на владејачката класа!“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)