накај (предл.) - нас (зам.)

- Лажеш и ти, - ѝ викав толку силно што луѓето од соседната маса во слаткарницата се свртеа накај нас.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ѓорѓија си купи музика од Дебиси, Равел и Сати и почна да ги слуша многу гласно.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Излегувајте од овде сите тројца! Да не сум ве видела, говеда едни одвратни! - тетка ми се сврте накај нас и почна да мавта со четката.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Веднаш отиде во болницата на италијанските Фрањевци.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И, луѓе мои, колку се изнамачи, ете цела година и половина, а кога беше готов замина за Стамбол и го превезовме скелето, се одвлечка на оној коњ: ама да се свртеше еднаш или накај нас или накај мостот! Јок.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Врз челото имаше само три кадрици. Одеше право накај нас.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Одеше со рамномерни чекори - ниту полека, ниту брзо - небаре чекори низ ливада, а не низ училишниот двор - во цветно широко здолниште и бела блуза.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Темнокостенливата коса, прибрана високо над тилот во бујна опашка, ѝ паѓаше до рамениците.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)