По извесно време дојде комисија од двајца инженери, ја прегледа куќата, го проверија земјиштето на кое лежи и констатираа дека куќата лежи на растресито земјиште, дека во нејзината близина тече река која е суводолица и во време на буици го подлокува коритото накај куќата; во дворот од куќата има бунар длабок 6 метри, чија вода е матна од пробивањето на реката или од подземните води кои тлото под куќата го прават нестабилно.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Со ново чувство на исполнетост и сила во себе, Рози тргна накај куќата, обземена од благопријатната надеж дека Даниел повторно ќе биде тој што беше порано и дека сè ќе биде добро со него.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Погледна накај куќата да види да не е дедо ѝ случајно на прозор, за да ѝ помогне. Не беше.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Дора погледна накај куќата да види да не иде случајно накај нив бабата на Ане.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Се сврте накај куќата на Ане и виде како од кујнскиот прозорец Томе ја гледа и јаде леб со еурокрем.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Потоа се сврте накај својата куќа и низ завесата ја виде баба си.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Ташко прв тргна накај куќата. Притисна на ѕвончето.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Четворицата трчавме накај куќата на Љупчо. Зазбивтани втасавме пред дворната врата. Се стаписавме.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
„Како, братче?“ од четворицата прв се прибра Ташко.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
„Е, како...“ воздивна Љупчо. „Ете, станало... засекогаш да ми дојде умот...“
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Вчера бевме многу исплашени, а денес веќе сме подобро...“
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Кога влеговме во собата, Љупчо стори движење небаре сака да се поткрене. Не можеше. Остана легнат врз високо крената перница.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Но тој го погледна чадот од дувалото намавна, ја крена раката и направи крст над луѓето и ги благослови: Господ е со вас, им рече, и место во црквата, како што се очекуваше, му рече на пајтонџијата да продолжи накај куќата од Цветко дуќанџијата да му однесе абер од синот.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)