Музика на промени 1-4 (1951) е обемно дело настанато врз основа на одлуките донесени со консултирање на Ји Џинг за тоа какви звучни модели ќе бидат користени (поединечни звуци, сложени звучни структури, акорди) и во кој однос ќе бидат со параметрите-траење, темпо, динамика и др.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Музика за клавир 1-84 (1952-56) е голем проект на испитување на несовршеноста на нотната хартија и добиениот нотен запис.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Организацијата на времето е спроведена просторно така што низ единица простор (2 инча=1 сек.) се добиваат инаку недостапни траења како 4/7 плус 2/3 плус 1/5 шеснаестина нота во секунда.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)