Откако ја истурка Бисера низ порта, никого не пушташе в куќи. Сам готвеше, сам јадеше.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И стана да си оди; се симна по скалите и преку дворот излезе низ портата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Стражата и патролата знаеја каде е буризанот, а тој секогаш беше, или заедно со муљазимот или во најблиската куќа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Евет, муљазим ефенди (Разбирам, господине потпоручниче.) — одговори војникот и излезе низ порта.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Во Лерин бијат камбаните, а владиката, завршувајќи ја панихидата, рече: „Блажени се оние кои ги исполнуваат заповедите Негови, за да имаат право на живот и да влезат во градот низ портите.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
„ Тргнав по неа низ портата, преку задниот двор и влегов во една визбена кујна.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Кога излегоа низ порта, Чакарвелика зад нив трипати се прекрсти за здравје на децата.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
- Господ нека ви е на помош, - рече Чакарвелика, се прекрсти со главата подкрената кон небото и излезе низ порта.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Зарем нема ти да се трошиш, - рече и како да го истурка низ порта.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Авторот брзо се реши: го зеде тефтерот, ја затвори фиоката, го стави тефтерот под левата пола од палтото, го стегна под мишка и брзо излезе од собата, низ влезната врата и низ порта, тргнуваќи ја зад себеси и се најде пак на улица.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Погледна нагоре и надолу и бидејќи никого не виде, се мушна низ порта, се најде во дворот и бргу влезе во куќата.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Им даде ишарет на двајцата Турци што седеа дотогаш молчејќи, и кои рекоа на одење само „аирли олсун”, и прв се витоса низ порта како ветер, та портата се заниша и закрцка.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Застана на прагот забајден без да знае што станува со него, се поприбра малку и ги овргали очите низ порта.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Но да не ја носиме работата за ќотек, оди пак речи му на кадијата да ни ги фрли ферманите низ порта, лицето нејќеме да му го видиме – остро извика Димитрија и им даде знак на селаните да бидат готови да се втурнат во кадилакот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Потоа се сврте, им се придружи на другото дете и возрасниот човек, и тие излегоа низ портата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Жената уште долго остана да стои како скаменета.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
- и излезе низ порти надвор.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)