Но предоцна да спаси некого или нешто, макар што на Балканот продолжуваше големата неизвесност, во Југославија посебно. И во илјадниците телеграми кои ги пишував од мојата речиси десетгодишна дипломатска мисија јас не престанав да трагам по наследената таткова тишина, во која се кријат кодовите на неговите незавршени потраги по балканската вистина, барана низ урнатините на империите, од чии падови се извишуваше надежта на преживувањето.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тој не можеше никогаш да го замисли вистинското завршување на оваа голема книга без Мајкините директни записи од животот, од спасувањето на семејство, од неговото провлекување низ урнатините на империите за кои Татко пишуваше големи поглавја, за нивната величина, но и за нивните падови.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Градината беше во неговата душа, во неговото пошироко семејство Неговото лице можеше да се види овековечено во главите на некоја од статуите на картагинските воини расфрлени низ урнатините.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Шетаат низ урнатините и водичот им покажува и објаснува: „Ова е главниот плоштад - Форум, ова се киповите на Јупитер, Јунона и Минерва; овдека се остатоците од храмот на Аполо, овде пазарот, градските бањи, а ваму крај брегот на рекава, театрите и големиот амфитеатар на кој присуствувале и по дваесет и пет илјади гледачи за да ги гледаат борбите на гладијаторите; на оваа страна имало убави куќи и вили меѓу кои се истакнувала вилата на Цицерон; по должината на оваа улица биле крчмите во кои се пиело и веселело...“
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)